Чудни ноќни светла ги исплашија граѓаните

Голем број на жители од Балканот, а и од целиот свет беа вознемирени и испашени од светлечки објекти кои ја опколија планетата Земја. Објектите личат на ѕвезди, се движат на иста траса на небото, растојанието меѓу нив е идентично. Притоа,  според она што може да го види човечкото око, сите се движат со иста брзина и по иста траекторија. 

Тоа е новата класа на телекомуникациски сателити наречени „соѕвездието Старлинк“, од компанијата „Спејс Екс“ чиј сопственик е Илон Маск. Вкупно 422 сателити на Илон Маск сега се наоѓаат во ниската орбита на Земјата, ветувајќи нови услуги за интернет. Првиот сателит бил лансиран на 24ти Мај, 2019година, а целта на компанијата е да лансираат уште 1.162 сателити до крај на 2021год. или почетокот на 2022год. со што би се обезбедил интернет на целата површина на планетата. 

Сличен план има и сопственикот на „Амазон“ – Џеф Безос. Имено, неговиот проект наречен „Проект Куипер“ вклучува 3.236 сателити кои ќе обезбедат сигурна конекција со голема брзина и мала латенција низ целиот свет.

Дали ова значи крај на астрологијата како хоби? Дали сателитите ќе го отежнат набљудувањето на ѕвездите, планетите и другите небесни тела до степен до кој со малите телескопи не би можеле да го набљудуваме ноќното небо? Само замислете го ноќното небо со илјадници разиграни светла кои ќе го засенуваат сјајот на ѕвездите.

Leave a Reply