Преспанското Езеро на работ од еколошка катастрофа

Преспанското Езеро на работ од еколошка катастрофа

Нашето природно богатство, Преспанското Езеро со сигурност се движи по патот до еколошка катастрофа. Неодамна имавме напишано статија, дали би можело Преспанското Езеро да заврши исто како Езерото Балтон во Унгарија. (повеќе прочитајте овде), и сепак бевме во право.

Изминативе неколку дена, на социјалните мрежи кружеа слики и видеа од екологисти и туристи на Преспанското Езеро.

Како што може да се види на сликите, Езерото е толку повлечено, со што е ставено во ризик, и зголемена е можноста за негово целосно пресушување. 

Според очевидци, тврдат дека брегот е неколку десетици метри навлезен кон езерото, поради самото повлекување односно намалување на водостојот.

Иако Преспанското Езеро до сега имаше само два острова, поради повлекувањето на водата испаднаа на видик повеќе копнени површини.

Најголемата причина за оваа состојба, како што напоменавме и во претходната статија (повеќе прочитајте овде) е токму глобалното затоплување, и долгите сушни периоди.

Ситуацијата во која се наоѓа Преспанското Езеро е застрашувачки алармантна.

Крајно време е да престанеме да го негираме она што се случува околу нас, и целосно да се вклучиме за зачувувањето на едно од најстарите езера и природни богатства во нашите простори.