Дали некогаш сте се запрашале, што се придобивките од некои растенија во вашиот дом? Дали знаете дека голем број од нив се користат како прочистувачи? Ние ви ја одвојуваме листата од најдобри 10 растенија кои може да ги користите во вашиот дом за прочистување на воздухот. Иако тие изгледаат извонредно, воедно и вршат огромна функција за нас луѓето, а тоа е, живеењето во почиста средина. Во продолжениe ви ја претставуваме листата:
- Бршлен
Ова растение е лесно за одгледување и растење. Значително е ефективно за намалување на токсичните воздушни честички, што го прави одлично растенија за во нашите купатила. Исто така, овие растенија се покажани како добри за борба против мувлата во домовите.
Совет за нега – Наводнувајте го бршленот често и поставете го до прозорец каде што ќе може да има изложеност на сончева светлина минимум 4 часа дневно.
- Алое Вера
Алое верата е совршеното растение за вашата кујна, покрај прозорецот бидејќи му е потребно сончева светлина. И покрај тоа што може да послужи како растение кое го имате при рака и лекува изгореници, Алое Верата исто така се користи за прочистување на воздухот од различните токсини кои што ги има во лаковите, детергентите и слично.
Совет за нега – На ова растеније му е потребна само сончева светлина.
- Хризантема
Не само што изгледа преубаво и претставува совршен додаток за кујната или дневната соба, хризантемата исто така помага и во филтрирњае на токсините како што се амонијата и бензенот, кои често ги има во пластиката, детергентите и лепакот.
Совет за нега – Ова растение исто така сака сончева светлина, затоа поставете го блиску прозорец или на место каде што ќе биде изложено на сончева светлина.
- Гербер
Герберот е ефективен прочистувач на токсините како што се формалдехид, трихлороетилен и бензен, кои што најчесто ги има во различните куќни материјали, од бои до синтетички влакна.
Совет за нега – Поставете го растението во просторија со многу природна светлина и држете ја почвата влажна, но добро исцедена.
- Филодендрон
Срцевидниот филондендрон е добар додаток во секој затворен простор. Овие растенија се релативно лесни за одлегдување, а се многу корисни за прочистување на просторот од разни токсични честички.
Совет за нега – Потребна им е индиректна сончева светлина и умерено наводнување.
- Жолта палма
Овој вид на плами се најчесто наменети за поголеми простори. Тие претставуваат одличнен природен прочистувач од токсини како што се бензенот, карбон моноксидот, формалдехидот и слично, а исто така се и безбедни доколку имате домашен миленик.
Совет за нега – Наводнувајте ја често, посебно во текот на летниот период, но не толку во текот на зимата.
- Фикус
Фикусот потекнува од југоисточна Азија. Тоа е одлично растеније кое најчесто се одгледува во затворени простори. Преставува одличен прочистувач од различни видови на токсични честички.
Совет за нега – Како и секое друго растение, изложете фикусот на сончева светлина, и наводнувајте го неделно. Оставајте да се исуши помеѓу секое наводнување.
- Агланема
Ова тропско растеније е докажано дека е добар и ефективен прочистувач кое што лесно се одгледува во затворени простори. Се користи за прочистување на формалдехид и бензен, кои што се најдени во различни детергенти и предмети од козметиката.
Совет за нега – Толерантни се на повеќе услови, но најдобро е да ги чувате во сува почва, и со средна до мала светлина.
- Спатифилум
Растенија кои лесно се одгледуваат. Нивните сјајни зелени ливчиња ги прават одличен додаток за секој простор, посебно оние што се со послабо светло. Исто така преставуваат добри прочистувачи на воздухот.
Совет за нега – Одгледувајте ги така што, ќе ги наводнувате неделно, и препорачливо е да им се додаде ѓувриво преку пролетта за да се начне нивното растење.
- Антуриум (Фламингов Цвет)
Антуриумот или уште наречен, фламингов цвет, е одлично растеније доколку сакате да додадете боја во било која просторија. Може да се чува и во простории со повеќе влажни услови. Претставува одличен прочистувач на воздухот.
Совет за нега – Оставете го антуриумот на место каде што ќе биде изложено на сончева светлина, и наводнувајте го еднаш до два пати во неделата.