Валандово, Македонска Каменица, Радовиш, Василево и Чешиново – Облешево се првите 5 општини во кои ќе се имплементира ЕСКО проектот иако интерес покажаа околу 20 општини.
– Целта на овој проект е заштеда на трошоците, подобра услуга за граѓаните и борба против климатските промени, изјави координаторот на проектот, Здравко Стефановски
Инвестицијата околу овој и натамошните ЕСКО проекти е покриена во целост од ЕСКО компаниите. Општините го отплаќаат проектот само со заштедите кои што ќе ги добијат од реализирање на овој проект. За дали тоа е исплатливо ЕСКО компаниите направија низа пресметки и истражување со кои се потврдува оваа политика за заштита на средината.
По исплата на трошоците за проектот и по истекување на договорот со ЕСКО компаниите целата опрема и целокупната заштеда останува на крајниот корисни во случајот на општините. Се надеваме дека пилот проектот во овие 5 општини ќе се покаже како успешен и ќе се продолжи во сите општини на територија на нашата држава.
Leave a Reply
You must be logged in to post a comment.