За нас

Што претставуваме ние?

Wake Up е здружение кое е креирано со цел да донесе позитивна промена во општеството и низ своите активности да допринесе луѓето да се посреќни и активно да работат на својот личен развој. Низ својата работа, Wake Up цели да ја подигне граѓанската свест во областа на екологијата, животната средина, хуманоста, енергијата и одржливиот развој. Тоа активно се залага за креирање и реализација на настани кои ги развиваат еколошките, културните, едукативните и спортските навики кај луѓето. Во видикот на Wake Up се провлекува и идејата за овозможување на едукација и нови можности за започнување на сопствен бизнис, развој и пласирање на иновации. Дел од својата активност организацијата насочува и кон креирање на можности за вмрежување на компании, фондации, комори и здруженија во нивно залагање за заеднички идеи од општествена важност.

Придружи се на трката за правење на светот подобро и поубаво место

Доколку сте заинтерисани да станете дел од нашиот тим, не се двоумете да не исконтактирате.

Кои сме ние?

Дознај повеќе за нашиот тим

Wake Up е група на млади, ентузијастични луѓе со повеќе-годишно искуство во различни невладини организации. Настрана од тоа, членовите се и електро-инженери, инженери за компјутерски науки, администратори на мрежи и многу повеќе. Патем, сите од нив придонесуваат за оваа организација на свој, уникатен начин. Наскоро ќе имате шанса подобро да го запознаете нашиот тим и да дознаете која е вистинската визија на тимот позади Wake Up.

Организатори

Стани волонтер!

Стани дел од нашиот тим и донеси позитивни промени во општеството

За сите потребни информации, обратете се на: +389(70)217630 или испратете ни електронска порака на [email protected]