Во рамките на едукативната кампања, а согласност со Статутот и делувањето на Здружението за развој на општеството-социјални иновации ВАКЕ УП Скопје:
ВАКЕ УП Скопје спроведува Јавен Повик за избор на набљудувачи за претстојните Локални избори 2024 година.
Заради ефикасно следење на изборната кампања на учесниците на претстојните Локални избори 2025, Здружението ВАКЕ УП има потреба од ангажирање на мобилни набљудувачи за општините низ Република С. Македонија
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:
Заинтересираните кандидати потребно е да ги исполнат следниве услови:
- Да НЕ се членови на политичка партија;
- Во периодот на изборната денови да не се работно ангажирани;
- Да имаат на располагање моторно возило;
- Да поседуваат возачка дозвола Б категорија;
- Да имаат основни познавања за облиците на промоција на политичките партии и
водењето на изборните кампањи; - Да е жител/ка на град/населено место во во општината за која се пријавува;
- Да располага со мобилен телефон за фотографирање и интернет конекција;
НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
Заинтересираните кандидати треба да ни испратат основни лични податоци како и коипија од лична карта со цел подготвување за акредитирање на набљудувачи од страна на Државната Изборна Комисија. Целата документација Ве молиме да ни ја испратите на следнанава електронска адреса: [email protected]
Потребна документација:
- Име и презиме
- Адреса на живеење
- Место на раѓање
- Националност
- Општина каде живеете
- Контакт телефон и
- Копија од лична карта
РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Рокот за пријавување ќе трае до петок, 05.10.2025 година.
НАПОМЕНА
Здружението за развој на општеството – социјални иновации „ВАКЕ УП“ – Скопје се оградува од било какви лични, приватни или политички ставови што можат да бидат искажани од страна на ангажираните набљудувачи во иднина, а кои не се во согласност со мисијата, вредностите и официјалните ставови на Здружението. Секој набљудувач постапува самостојно и е одговорен за своите лични изјави и постапки надвор од рамките на ангажманот.