Проектот Phoenix кој предвидува користење на пластичниот отпад за добивање на дизел гориво и бензин дава успешни резултати при негова имплементација од страна на канадската компанија Sparta Group. Компанијата го користи добиеното гориво за потребите на сопствениот возен парк.
Пластичниот отпад, кој вообичаено ја загадува животната средина, се обработува преку негова селекција на ситни парчиња кои потоа се раствораат на високи температори и без кислород за да не изгорат. Околу 4.000 литри гориво можат да се добијат со обработка на пет тони нерециклиран пластичен отпад.
Сличен проект спроведува и канадската компанија Sustain. Се предвидува дека со оваа технологија годишно ќе се рециклираат до 50.000 тони пластичен отпад.
Leave a Reply
You must be logged in to post a comment.