Чернобил, најголемата еколошка катастрофа

На овој ден, 26 април 1986г. во 1:23ч. после полноќ, светот беше сведок на најголемата нуклеарна експлозија. Во Чернобил, Украина, најмалку 30 лица го загубија својот живот, а уште илјадници беа жртви на болеста рак, како последица од истоимената експлозија Чернобил.

Чернобил всушност е нуклеарна централа сместена во северниот дел на Украина, близу градот Припјат. При рутинска контрола, се случија две експлозии на централен реактор, кој моменти после истите, испуштил 400 пати повеќе радијација од атомската бомба фрлена над Хирошима.


Резиденти на Припјат, како и на околните села и градови близу Чернобил, биле изолирани. Сведоштвата покажуваат дека истите никогаш не се вратиле во своите домови. Тогашниот лидер на Советскиот Сојуз, Михаил Горбачев, издал наредби за евакуација на населението. Меѓутоа, голем дел од тоа население веќе биле жртви на големата радиоактивност. Во научни студии од 2005г., бројот на починати се искачил над 125000 како резултат од рак или тумор.
Наспроти големата катастрофа, погубување на огромен број на луѓе и животни, уништување на околната флора, во 2016, Чернобил започнал да оживува. Дивиот свет се вратил и градот зазеленувал. Но, и покрај ова, украинските власти уверуваат дека повторно населување на Чернобил не би било возможно во наредните 24000 години. Иако ризикот од големи радиоактивни зрачења е значително помал, истиот е присутен.

Трагедијата во Чернобил ќе остане вечно запаметена со надеж дека ништо слично нема да се случи повторно. Радиоактивните зрачења уништија голем дел од природата, вклучувајќи ги сите живи организми. Земјата памети, паметат и оние кои што биле сведоци, како и сите ние што учиме за неа.

 

 

 

Leave a Reply