ЈАВЕН ПОВИК на Здружението за развој на општеството-социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје, за избор на агенција за едукативна кампања за граѓанското право на глас на секој граѓанин за претстојните Претседателски и Парламентарни избори 2024

ЈАВЕН ПОВИК на Здружението за развој на општеството-социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје, за избор на агенција за едукативна кампања за граѓанското право на глас на секој граѓанин за претстојните Претседателски и Парламентарни избори 2024

Во согласност со Статутот и во рамките на делувањето на Здружението за развој на општеството-
социјални иновации ВАКЕ УП Скопје и согласно потпишаниот меморандум за соработка од
06.03.2024 години со:
• Здружение за едукација и тренинг „ЦЕТ ПЛАТФОРМА“ Скопје и
• МАКЕДОНСКА МЛАДИНСКА АСОЦИЈАЦИЈА Скопје,
ВАКЕ УП Скопје спроведува избор на маркетинг агенција за имплементација на промотивна
еднократна кампања со вклучување на повеќе канали за комуникација.

Цел на кампања
Промотивната кампања има за цел едукативна кампања за важноста на граѓанското право на глас
на секој граѓанин за претстојните Претседателски и Парламентарни избори 2024, за времетраење
во месец април, сѐ до 8ми мај 2024 година.
Кампањата има за цел на оригинален начин како и со факти да посочи како дури и еден глас може
да направи разлика.
Целни групи
• Кампањата е потребно да ги таргетира граѓаните од цела држава, а целните групи треба да
се движат од 18 до 35 години.

Времетраење на кампања
• Кампањата треба да биде еднократно реализирана, поточно од 3ти април 2024 година,
заклучно со 8ми мај 2024 година.
Главни услови за учество во јавен повик
Право на учество имаат сите регистрирани агенции за маркетинг и односи со јавност во државата,
а учеството е валидно со исполнување на следните услови
• минимум 5 години последователно постоење во наведената дејност во маркетинг и односи
со јавност исто така
• да има реализирано минимум 5 промотивни кампањи во сегментот на општествена
одговорност во граѓанско делување
• да има соодветен тим со искуство со минимум 5 промотивни кампањи во сегментот на
општествена одговорност

Рок за доставување на понудата
Понудата се доставува електронски на меил: [email protected] најдоцна до 24.03.2024 година до
15:00 часот.

Елементи на понуда
Понудата на секој учесник односно правно лице, потребно е да ги содржи следните делови односно
елементи на понудата:
• поднесен и предложен креативен концепт за промотивна ПР и маркетинг кампања со предложен
слоган на кампањата и идејна насока согласно техничката спецификација во овој повик
• предлог буџет односно финансиска понуда која е потребно да ги опфаќа сите предвидени и
непредвидени трошоци за реализација на промотивната кампања (цена изразена плус ДДВ), со
детално наведени ставки со засебни износи, како и со вкупен износ плус ДДВ, за сите наведени
трошоци
Критериум за избор на најдобра односно најповолна понуда
• Главниот критериум за избор на најповолна понуда е најсоодветен сооднос помеѓу квалитетот на
идејните предлози односно техничката понуда, искуството на агенцијата во областа која ја опфаќа
повикот, како и буџетот односно финансиската понуда.

Опис на услугаЦена (денари, со вклучено ДДВ)
Изработка и имплементација на медија план за во медиуми 
Медија закуп во медиуми *изборот на видот на медиуми го предлага агенцијата со цел најдобар ефект на кампањата 
Смислување и изработка на видео реклама со познати личности *должината на видео рекламата потребно е да ја предложи агенцијата 
Ангажман на познати личности за во видео реклама *бројот на познати лица не е лимитиран во склоп на техничката спецификација 
GDN – Google Ads – минимум 30 дневна кампања (македонска територија) 
Изработка и имплементација на дигитална кампања на социјални мрежи (Facebook, Instagram, YouTube) и отворање на нови профили и канали со името на кампањата 
Оптимизирање и спонзорирање на објави на социјалните мрежи 
Развој на концепт за караван со познати личности низ Македонија во минимум 5 града 
Ангажман на познати лица за целите на караванот 
Графички дизајн на сите дигитални материјали и објави за кампања на социјални мрежи 
Графички дизајн и подготовка за печатење на принт материјали (постери-плакати, флаери и други материјали по предлог на агенцијата за најдобар ефект) 
Координација со трети соработници 
Агенциска провизија 
ВКУПНА ПОНУДА, во денари (со пресметан ДДВ) 


Контакт за прашања
Сите прашања можат да се постават навремено на [email protected] најдоцна до 20.03.2024 година,
а истите ќе бидат одговорени по пат на мејл, најдоцна до 21.03.2024 година до 12:00 часот.

Известување за прифатена понуда:
Учесниците на јавниот повик ќе добијат известување за избор и прифатена понуда по пат на маил
во рок од 2 работни дена по завршување на повикот.


Рок на жалба
Сите учесници имаат право на жалба 5 работни дена од донесување на одлуката за избор на
добитник за спроведување на кампањата, со тоа што до конечно разгледување на жалбата одлуката
нема да престане со важност. Жалба по донесената одлука може да се поднесе по пат на меил на
[email protected].

Целиот повик можете да го погледнете на следниов линк