Е-психолог

Home / Е-психолог
Е-психолог

Епсихолог е онлајн платформа во Македонија која нуди психичка поддршка на граѓаните. Тие, преку некој од смарт уредите, би можеле да побараат онлајн сесија со некој од најдобрите македонски психолози. Сесиите се потполно заштитени, кон кои можат да пристапат само психологот и клиентот. 

Брзо и лесно стапи во контакт со акредитирани, лиценцирани и искусни психолози, кои можат да ти помогнат со многубројни проблеми, вклучувајќи ги депресијата, анксиозност, траума, тага и слично. Идејата за Е-Психолог дојде кратковремено после енормното ширење на коронавирусот Ковид19. Е-Психолог нуди и поддршка за сите оние на кои им е потребна помош во ова исклучително тешко време.

Закажувањето се прави во само неколку чекори. Сам избери психолог и тема на која сакаш да разговараш. Помогни си себеси. Менталното здравје е најважно.

Период на реализација 06.2020 – 12.2020