„Алка за безбедност-Борба против криумчарење на мигранти во РСМ“

Home / „Алка за безбедност-Борба против криумчарење на мигранти во РСМ“
„Алка за безбедност-Борба против криумчарење на мигранти во РСМ“

Проектот „Алка на безбедност-Борба против криумчарењето на мигранти“ имаше за цел зајакнување на борбата против криумчарењето на мигранти на југоисточната граница на РСМ, преку споделување на релевантни информации за заштита и безбедност при управувањето со миграцијата, со почитување на основните човекови права и слободи на мигрантите.

Специфични цели:

  • Зајакнување на соработката на општините Гевгелија и Дојран во справувањето со мигрантите преку нивен заеднички настап, соработка, размена на искуства и вмрежени активности во борбата со криумчарењето на мигранти, зачувавање на безбедноста како и активности со хумана димензија кон мигрантите (помош, информации, заштита);
  • Зајакнување на информираноста на ранливите групи на мигранти, како и потенцијалните криумчарени мигранти во обезбедување на нивна првична помош и поддршка преку споделување на информативни флаери и билборди на нивните јазици, како и видео-спотови споделени на социјалните мрежи кои тие ги користат;
  • Информирање на јавноста за кривично-правните аспекти од криумчарењето на мигранти преку изработка и дистрибуција на Прирачник за кривично-правниот аспект на криумчарењето на мигранти во РСМ.
  • Локација: општините Гевгелија и Дојран
  • Проектот е реализиран партнерски, а финансиран од Европската унија  и Данскиот совет во рамките на Програмата за граѓанско општество и медиуми 2018-2019 под приоритетот „Зголемување на учеството на ГО во заштитно-чувствителниот систем на управување со миграцијата“, а рефинансиран од страна на Македонското здружение на млади правници.
  • Период на спроведување: 2021-2022 година