МЛАДИТЕ И ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ

Home / МЛАДИТЕ И ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ
МЛАДИТЕ И ОПШТЕСТВЕНАТА ОДГОВОРНОСТ

Целта на проектот беше промоција на концептот и практиките на општествената одговорност преку реализација на 4 информативни трибини и панел дискусии со вклучување на минимум 200 граѓани, претставници на локалните власти, претставници на бизнис секторот и граѓанскиот сектор. Преку овие информативни трибини ќе се овозможи јасно потенцирање на потребата од применување на концептот и практиките на општествената одговорност од страна на сите бизнис субјекти во нашата држава, со што ќе се овозможи бенефит за заедницата, како и придонес во зачувување и заштита на животната средина и подобрување на социјалните услови во општеството. Примената на концептот и практиките на општествена одговорност истовремено придонесуваат и за економскиот развој, како и за остварување на заложбите на Владата за привлекување на странски инвестиции и интегрирање со пазарот на Европската Унија.

Локација: општина ЦентарПериод на спроведување: октомври-декември 2019 година