Ера на пластиката

Ера на пластиката

Нашата љубов кон пластиката ја претвора во нешто слично на фосилните горива, во наследство. На училиште сите учевме за камената доба, бронзената доба и железната доба. Ова време во кое живееме денес во иднината ќе биде познато како ера на пластиката. Застрашувачко е ова што им го оставаме на идните генерации по што ќе не паметат“ велат научниците кои по неодамнешно истражување открија дека седиментите од пластика се повеќе се зголемуваат.
При истражувањето се анализирани примероци од слоеви од калифорнискиот брег од 1834 година досега и особено во текот на последните 70 години. Остатоците кои завршуваат во океаните преку отпадните води, главно се од пластични шишиња, кутии за храна и микровлакна од синтетички материјали кои не се биоразградливи. Тоа е загрижувачки податок со оглед на тоа што просечен човек може на годишно ниво да внесе најмалку 50.000 микропластични честички преку храната и водата.
Според експертите ова откритие ќе биде искористено за проценка на стартот на геолошката епоха на човечкото запоседнување на Земјата.

Leave a Reply