Дали е можно да претпоставиме дека судбината на езерото Балатон во Унгарија кое речиси дојде до пресушување, може да го снајде слична судбина и Преспанското Езеро како дел од климатски промени?
Преспанското Езеро е дел од убавините на западниот дел од нашата земја, кое се карактеризира со долги песочни плажи, присуство на многу сончеви денови и свежи ноќи, планини со бујна вегетација, а во него се наоѓа и единствениот остров на нашата територија – Голем град или уште попознат како Змиски остров, прогласен за строг природен резерват поради специфичните геоморфолошки карактеристики на флора и фауна.
Но, она што е загрижувачки последниве две години е еколошката катастрофа што ја доживува Преспанското Езеро како последица на климатски промени и активноста на човекот. Повлекувањето и надоаѓањето на водата во Преспанското Езеро циклично се повторува во зависност од климатските промени, и е повлечена за повеќе од десетина метри од минатото лето, каде може да се распознае дел од дното што е излезено на површината која е покриена со трски поради неактивност. Освен тоа, како последица на намалување на водата е и истекување кон Охридското Езеро, ако се земе предвид дека Преспанското е на надморска висина од 853 метри, а Охридското Езеро на 695 метри.
Како влијаат климатските промени?
Климатските промени се предизвикани од глобалното затоплување и се дел од најсериозните предизвици за целиот свет. Поради големите топлотни бранови и ненајдените намалување на температури, како резултатот се јавуваат големи аномалии на врнежи во однос на количества и интезитет со што последици се зимите без снег и недостигот на дожд во текот на пролетта и есента. Со овие промени, значително опаднува нивото на водата на Преспанското Езеро, а со тоа му се заканува суша.
Уште позагрижувачки се прогнозите на светските метеоролози дека поради големите климатски промени, Балканот ќе биде погоден од подолготрајни суши, а со тоа се намалува надежта дека состојбите со водните ресури ќе се променат, кои се клучни за опстојување.
Еколошката катастрофа е секојдневно поблиску до нас. Она што преостанува е да не ја негираме алармантната состојба на Преспанското како последица на климатски промени, како и вклучување на човечката свесност за спасување на едно од најстарите сочувани тектонски езера на светот, чија вредност се проценува на повеќе од пет милиони години.