ЈАВЕН ПОВИК на Здружението за развој на општеството-социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје, за избор на набљудувачи за претстојните Претседателски и Парламентарни избори 2024

Home / Information / ЈАВЕН ПОВИК на Здружението за развој на општеството-социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје, за избор на набљудувачи за претстојните Претседателски и Парламентарни избори 2024
ЈАВЕН ПОВИК на Здружението за развој на општеството-социјални иновации „ВАКЕ УП“ Скопје, за избор на набљудувачи за претстојните Претседателски и Парламентарни избори 2024

Во рамките на едукативната кампања, а согласност со Статутот и делувањето на Здружението за развој на општеството-социјални иновации ВАКЕ УП Скопје, како и согласно потпишаниот меморандум за соработка од
06.03.2024 години со:
• Здружение за едукација и тренинг „ЦЕТ ПЛАТФОРМА“ Скопје и
• МАКЕДОНСКА МЛАДИНСКА АСОЦИЈАЦИЈА Скопје,
ВАКЕ УП Скопје спроведува Јавен Повик за избор на набљудувачи за претстојните Претседателски и Парламентарни избори 2024 година.

Заради ефикасно следење на изборната кампања на учесниците на претстојните Претседателски и Парламентарни избори 2024, Здружението ВАКЕ УП има потреба од ангажирање на мобилни набљудувачи за општините низ Република С. Македонија

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:
Заинтересираните кандидати потребно е да ги исполнат следниве услови:

  • Да НЕ се членови на политичка партија;
  • Во периодот на изборната денови даа не се работно ангажирани;
  • Да имаат на располагање моторно возило;
  • Да поседуваат возачка дозвола Б категорија;
  • Да имаат основни познавања за облиците на промоција на политичките партии и
    водењето на изборните кампањи;
  • Да е жител/ка на град/населено место во во општината за која се пријавува;
  • Да располага со мобилен телефон за фотографирање и интернет конекција;

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
Заинтересираните кандидати треба да ни испратат основни лични податоци како и коипија од лична карта со цел подготвување за акредитирање на набљудувачи од страна на Државната Изборна Комисија. Целата документација Ве молиме да ни ја испратите на следнанава електронска адреса: [email protected]

Потребна документација:

  • Име и презиме
  • Адреса на живеење
  • Контакт телефон и
  • Копија од лична карта

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Рокот за пријавување ќе трае до петок, 05.04.2024 година.

НАПОМЕНА:

Здружението за развој на општеството-социјални иновации „ВАКЕ УП“ – Скопје, се оградува од било каков приватен или политички став искажан од страна на избраните набљудувачи во иднина, кој не е во согласност со барањата на здружението.