Проектот „Алка на безбедност-Борба против криумчарењето на мигранти“ имаше за цел зајакнување на борбата против криумчарењето на мигранти на југоисточната граница на РСМ, преку споделување на релевантни информации за заштита и безбедност при управувањето со миграцијата, со почитување на основните човекови права и слободи на мигрантите.
Специфични цели:
- Зајакнување на соработката на општините Гевгелија и Дојран во справувањето со мигрантите преку нивен заеднички настап, соработка, размена на искуства и вмрежени активности во борбата со криумчарењето на мигранти, зачувавање на безбедноста како и активности со хумана димензија кон мигрантите (помош, информации, заштита);
- Зајакнување на информираноста на ранливите групи на мигранти, како и потенцијалните криумчарени мигранти во обезбедување на нивна првична помош и поддршка преку споделување на информативни флаери и билборди на нивните јазици, како и видео-спотови споделени на социјалните мрежи кои тие ги користат;
- Информирање на јавноста за кривично-правните аспекти од криумчарењето на мигранти преку изработка и дистрибуција на Прирачник за кривично-правниот аспект на криумчарењето на мигранти во РСМ.
- Локација: општините Гевгелија и Дојран
- Проектот е реализиран партнерски, а финансиран од Европската унија и Данскиот совет во рамките на Програмата за граѓанско општество и медиуми 2018-2019 под приоритетот „Зголемување на учеството на ГО во заштитно-чувствителниот систем на управување со миграцијата“, а рефинансиран од страна на Македонското здружение на млади правници.
- Период на спроведување: 2021-2022 година