S.E.I.Z.E

С.Е.И.З.Е е дводневен саем за еко иновации и зелена енергија, организиран од невладината организација Wake Up и компанијата Swift.Data. Настанот има за цел да ги запознае луѓето со широката палета производи и производствени процеси кои можат да придонесат за поквалитетна животна средина, поздрав живот и воедно помали финансиски трошоци за купувачите, како и да ја подигне свеста кај луѓето за полезноста од нивното користење.Вашата компанија како учесник на С.Е.И.З.Е ќе има можност да направат промоција на своите производи и решенија, да ги презентира и дискутира своите идеи и цели, како и можност за директна продажба на своите продукти. Посетителите на саемот и пошироката јавност која ќе го следи истиот низ медиумските канали, ќе имаат можност да се запознаат со новите производи и технологии кои ги нуди Вашата компанија и да согледаат која е нивната предност во однос на конвенционалните производи.

Подигањето на свеста на граѓаните за корисноста од изборот и употребата на ваквите производи, директно ќе го зголеми бројот на Вашите потрошувачи во иднина. Во рамките на саемот, ќе биде организирана и коктел забава (гала вечер) во која учество ќе земат претставници од сите компании учеснички на саемот и ќе имаат можност за меѓусебно вмрежување како и запознавање и разговор со останатите посетители на забавата.

Date

Nov 15 - 16 2019
Expired!

Time

All Day

Local Time

  • Timezone: America/New_York
  • Date: Nov 15 - 16 2019
  • Time: All Day