Get In The Ring 2020
GITR е настан преку кој ќе ги доближиме новитетите на маркетот и потенцијалниот пазар во земјата и странство, до новите и идни старт-ап компании. Целта на овој настан е преку помош на луѓето кои го поминале патот и стигнале до успешни старт-ап компании, со нивната пасија и тајна за успех, да поттикнеме стимул за креативни идејни решенија, а на веќе постоечките да им помогнеме во понатамошен раст и развој.
Овогодинешното издание на GITR ќе биде во форма на хакатон и истото ќе се оддржи од 13ти-15ти Март.
За време на хакатонот планирани се 2 работни денови, каде 20 стартапи ќе работат на усовршување и подобрување на својата идеја со помош на ротирачки ментори.