За нас
За нас
Што претставуваме ние?
Wake Up е здружение кое е креирано со цел да донесе позитивна промена во општеството и низ своите активности да допринесе луѓето да се посреќни и активно да работат на својот личен развој. Низ својата работа, Wake Up цели да ја подигне граѓанската свест во областа на екологијата, животната средина, хуманоста, енергијата и одржливиот развој. Тоа активно се залага за креирање и реализација на настани кои ги развиваат еколошките, културните, едукативните и спортските навики кај луѓето. Во видикот на Wake Up се провлекува и идејата за овозможување на едукација и нови можности за започнување на сопствен бизнис, развој и пласирање на иновации. Дел од својата активност организацијата насочува и кон креирање на можности за вмрежување на компании, фондации, комори и здруженија во нивно залагање за заеднички идеи од општествена важност.
Придружи се на трката за правење на светот подобро и поубаво место
Доколку сте заинтересирани да станете дел од нашиот тим, не се двоумете да не исконтактирате веднаш!
Придружи ни се!
Дознај повеќе за нашиот тим
Wake Up е група на млади, ентузијастични луѓе со повеќе-годишно искуство во различни невладини организации. Сите од нив придонесуваат за оваа организација на свој, уникатен начин. Настрана од тоа, членовите се и електро-инженери, инженери за компјутерски науки, администратори на мрежи и многу повеќе. Наскоро ќе имате шанса подобро да го запознаете нашиот тим и да дознаете која е вистинската визија на тимот позади Wake Up.
Организатори
Stefan Marinceski
Founder
Andriana Ivanovska
Founder
Antonio Risteski
Founder
Dragan Jakimovski
Founder
Stefan Andonov
Consultant
Veljan Pejovski
Volunteer
Frosina Stojanovska
Volunteer
Angela Madjar
Volunteer
Igor Stojanoski
Graphic Design
Fedora Lepceska
Volunteer
Ivona Damjanovska
Volunteer
Marija Stojanoska
Graphic Design
Pavle Pejovski
Volunteer
Стани Волонтер!
Стани дел од нашиот тим и донеси позитивни промени во општеството
Ако сакаш да станеш дел од нашиот тим, контактирај не на нашатаfacebook страница или прати ни мејл на [email protected]